Поврзете се со нас

Свет

Торес го избра најдобриот играч во светот: Тој е неверојатен веќе три сезони во низа

Објавено

на

Фернандо Торес како поранешен играч на Атлетико Мадрид и Ливерпул го следеше големото дерби на „Енфилд Роуд“ во средата, a посетата во градот кој ќе го памети по убави нешта ја искористи за да одработи и ексклузивно интервју со клупската телевизија на англискиот клуб.

Поранешниот шпански репрезентативец беше миленик меѓу навивачите на Ливерпул се до моментот кога направи трансфер во Челси, но и покрај контроверзниот трансфер, тој доби добар пречек во средата од фановите и институцијата, што резултираше и со интервју во кое не пропушти да нагласи дека Мо Салах во овој момент е убедливо најдобар играч во светот.

Ливерпул го победи Атлетико со 2:0 на втората нивна пресметка во Лигата на шампионите, но и покрај тоа што Египќанецот не постигна гол, Торес нема дилеми за тоа кој е најдобар фудбалер во Европа во изминатиот период.

– Салах е најдобар играч во светот, во тоа сум 100 проценти убеден, немам никакви дилеми. Салах не е најдобар само оваа година, мислам дека е најдобар и неверојатен две-три сезони во низа. За индивидуални признание секогаш се говори кога остварувате успех и на тимско ниво, но Салах за мене е еден од тројцата најдобри во светот веќе пет или шест години наназад.

– Неговата константност е неверојатна, гледате дека ги урива сите рекорди и продолжува да постигнува голови. Повремено си разменуваме пораки и навистина сум среќен за него. Бев сведок на деновите кога дојде во Англија и му беше навистина тешко. Тој е фантастично момче и на цел свет му покажа за каков играч станува збор, – додава Торес кој му беше соиграч на Салах во Челси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни