Поврзете се со нас

НБА

Стив Кер добил рекорден договор за продолжување на соработката со Голден Стејт

Објавено

на

Стив Кер го продолжил договорот со Голден Стејт на уште две години, а тоа ќе го направи и тренер со најголема плата во НБА лигата.

Агентите на Кер откриле дека тој ќе ги предводи „воините“ дополнителни две сезони и за тоа ќе добие 35 милиони американски долари, што и не е изненадување за тренерот кој донесе четири титули за оваа франшиза.

Со објавената сума, Кер ќе ја надмине платата на досегашниот рекордер Ерик Сполстра, а ќе заработува нешто помалку од Грег Попович, кој сепак извршува и дополнителна функција во Сан Антонио.

Кер неодамна стигна до 500-та победа како НБА тренер, а паралелно е и американски селектор и ќе го води новиот „Дрим тим“ на Олимписките игри во Париз.

На клупата на Голден Стејт има ефект 501-264, а неговиот тим оствари рекордни 73 победи во сезоната 2015/16.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни