Поврзете се со нас

Англија

Сколс: Погба ќе ги прави истите глупости до крајот на кариерата

Објавено

на

Пол Сколс и Рио Фердинанд го коментираа во исто студио дуелот меѓу Аталанта и Манчестер Јунајтед, а играчот за врска и овој пат бил во целосно различно расположение во однос на еуфоричниот Фердинанд.

Сколс уште еднаш ги потенцирал слабите страни и лошата игра во вториот дел на Јунајтед, како и фактот дека екипата била уште еднаш спасена од вонсерискиот Роналдо.

Сколс потсетува дека против Манчестер Сити ќе биде уште потешко, а истовремено го критикувал Пол Погба, поради несоодветните потези на Французинот за време на дуелот.

– Потребен му е некој кој постојано ќе му зборува, некој искусен кого го почитува и во кого има доверба.

– Погба е искусен фудбалер, но ќе ги прави истите глупости и кога ќе има 35 години, негов најголем проблем е концентрацијата, понекогаш губи контакт со реалноста.

– Во Јувентус беше одличен и затоа Јунајтед го доведе, но таму имаше играчи како Пирло, Кјелини и Буфон околу него и агресивен тренер кој постојано го коригираше. Таков третман ќе му треба и на 35 години, – смета Сколс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни