Англија
Руни: Фергусон одлучи да го продаде Пике откако беше малтретиран на гостувањето кај Болтон
Вејн Руни јасно стави до знаење дека посебно тешко го прифатил отказот кој го заработи Луи Ван Гал од одговорните луѓе на Манчестер Јунајтед пред четири години, но меѓудругото, поранешниот капитен на „ѓаволите“ се наврати и длабоко во минатото кога се градеше шампионскиот тим на Фергусон.
Добро познато е дека Жерард Пике ја искуси Премиер лигата како играч на Манчестер пред да се врати во матичната Барселона, а иако Шпоанецот во безброј наврати има потенцирано дека прифатениот предизвик во Англија го направил далеку подобар фудбалер, Вејн Руни заклучува дека тој едноставно не можел да успее во елитата на Островот.
Руни смета дека клучен за продажбата на Пике бил натпреварот против Болтон во 2007-ма година, кога како што вели тој, Шпанецот бил измалтретиран од играчите на противничкиот тим кои инаку важеа за едни од најцврстите и најгрубите во Премиер лигата во тоа време.
– Гостувањето кај Болтон заврши со неговата кариера во Јунајтед. Пике беше млад и беше млатретиран од играчите на Болтон и мислам дека тогаш Фергусон одлучи дека е време за продажба. Физички гледано, тој не беше подготвен за Премиер лигата, – вели Руни за „Сандеј Тајмс“.
– Се сеќавам како се подготвуваше Видиќ за натпреварите со Болтон. Тие беа физички тим и за нив се подготвуваше како да ќе игра против Дрогба. Неколку дена наназад се „пумпаше“ во теретаната, – додава актуелниот тренер-играч на Дерби.
-
Шпанијапред 20 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 20 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 21 час
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 20 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 22 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 21 час
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 22 часа
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)