Поврзете се со нас

Англија

Постекоглу за поразот од Сити: Најлошо искуство во мојата кариера

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Анге Постекоглу повторно го коментирал поразот на Тотенхем во дуелот со Манчестер Сити, пораз кој имаше директно влијание во трката за шампионската титула и го остави противникот во подобра позиција од Арсенал.

Австралискиот менаџер вели дека не може да прифати дека навивачите на неговиот тим сакале пораз само за да му наштетат на градскиот ривал, оценувајќи го дуелот како најлошо искуство во неговата кариера.

– Ова беше најлошо искуство во мојата досегашна тренерска кариера. Ваквиот натпревар ми предизвика анксиозност… Што ако одиграме добро како што знаеме и загубиме со 5:0? Не можам ни да помислам некој да го доведе во прашање интегритетот на тимот кој го тренирам, рекол менаџерот на Тотенхем.

На прашањето дали последниот дуел го мотивирал дополнително, Постекоглу вели дека тоа му е мисија од првиот ден.

– Тоа е моја цел и опсесија уште од првиот ден, ништо не е променето. Кога прифаќате некоја функција, го прифаќате и предизвикот кој доаѓа со неа. Ништо не се промени последните две недели, знаеме на што треба да работиме и на што да се фокусираме, – рекол Постекоглу.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни