Поврзете се со нас

Италија

Капело за најавениот отказ за Алегри: Тоа ќе биде тажен крај

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Juventus

Италијанските медиуми се убедени дека Макс Алегри наскоро ќе добие отказ од Јувентус, без разлика што на крајот ги исполни клупските амбиции, кои подразбираа пласман во Лигата на шампионите и освојување на Копа Италија.

Хаосот кој го предизвика тренерот на „бјанконерите“ по финалето со Аталанта само го забрзал процесот за разделба со него уште пред крајот на сезоната, а таквиот епилог бил коментиран и од поискусниот колега Фабио Капело.

– Бројките се важни, а тие покажуваат дека Јувентус не освои ништо три години, а сезонава триумфираше во Купот предводен од Алегри.

– Бев изненаден од реакцијата на Алегри, но сигурен сум дека таа има позадина. Кога чувствуваш дека воздухот околу тебе се менува, не е лесно да се преправаш дека се е нормално.

– Се надеваш дека се само шпекулации, но кога ќе сфатиш дека информациите се точни и освојуваш трофеј, гордоста испливува на површина. Веројатно негов најголем „грев“ е што освои само еден трофеј во три сезони, во Јувентус очекувањата секогаш се големи. Сезонава Јувентус се бореше само на два фронта и не успеа да ја освои титулата, но реално нема соодветен тим за да им се спротивстави на Интер и Милан.

– Дури и кога освојуваше трофеи, тој беше критикуван за стилот на игра. Сепак, Алегри заслужува почит, неговата кариера зборува сама за себе. Ова би бил тажен крај на една приказна, а отпуштањето тренер во текот на сезоната не е препознатлив стил на Јувентус, – рекол Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни