Поврзете се со нас

Свет

Мбапе ја промовираше својата восочна статуа и остана шокиран од резултатот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе го најави своето заминување од ПСЖ и веќе го имаше својот проштален меч на „Паркот на принцовите“, а изненадувачки не се најде во тимот на Луис Енрике кој играше против Ница.

Французинот бил ослободен од обврски за да има кратка посета на Берлин, град во кој отсега ќе има негова восочна статуа во еден од најпознатите музеуми ширум светот.

Мадам Тисо музејот во Берлин денеска официјално ја промовираше статуата од големата француска ѕвезда, а самиот Килијан беше тој кој ја имаше честа да ја спушти завесата.

Направената фигура е навистина неверојатно добро и прецизно изработена, па воодушевен од конечниот резултат остсана и самиот Мбапе.

– Ова е повеќе Килијан од мене!, – порачал Мбапе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни