Поврзете се со нас

Англија

Клоп ги избра најдобрите моменти во Ливерпул, направил интересен избор за најдобар гол (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп денеска ја одржал последната прес-конференција како менаџер на Ливерпул, а на истата зборувал на навистина различни теми поврзани со актуелната ситуација, но и неговото искуство како долгогодишен менаџер на „црвените“.

Новинарите побарале од Германецот да ги издвои најдобрите моменти како негов личен избор, вклучувајќи ги и најдобрите натпревари и голови.

– Најдобриот фудбал го одигравме против Манчестер Сити оваа сезона, никогаш не сме го контролирале Сити на таков начин. Сме победувале против нив, но никогаш не сме ги ставиле под притисок на таков начин.

– Најдобар натпревар ни беше реваншот против Барселона во 2019 година, а најдобар гол тој на Алисон Бекер против ВБА во 2021 година.

– Најдобра асистенција беше таа на Трент Александер-Арнолд против Барселона, Алисон ја имаше најдобрата одбрана против Наполи, а Мане постигна најубав гол со пета (против Вотфорд).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни