Поврзете се со нас

Англија

Раја ја доби наградата за најдобар голман во Премиер лигата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Arsenal

Давид Раја е носител на признанието „Златна ракавица“ за сезоната 2023/24 во англиската Премиер лига, а до него дојде со одличните изданија на голот на Арсенал, но и благодарение на одличната одбрана на „топчиите“ сезонава.

Шпанскиот голман денеска го добил признанието и со истото позираше заедно со соиграчите, заокружувајќи една одлична сезона во која неговиот тим и натаму има шанси да стигне и до трофејот во Премиер лигата.

Раја бранеше на 16 натпревари на кои неговата екипа не прими ниту еден гол, а имаше и 66 проценти успешност во своите интервенции.

Поради убедливата предност во однос на колегите, признанието му е доделено денеска, а зад него остана Џордан Пикфорд од Евертон со 13 „чисти мрежи“ сезонава. Лено и Едерсон се на делба на третото место со по 10 натпревари без примен гол.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни