Поврзете се со нас

Италија

Аталанта загуби важен играч за финалето на Лига Европа

Објавено

на

foto:twitter.com/Atalanta_BC

Аталанта не успеа да го победи Јувентус во финалето на италијанскиот Куп, а тренерот Џан Пјеро Гасперини добил уште една лоша вест по средбата во Рим.

Составот од Бергамо остана без искусниот Мартин де Рон, чија повреда заработена на дуелот со Јувентус се покажала сериозна и значи принудна пауза.

Де Рон има мускулна повреда на левата нога и мора веднаш да почне со рехабилитација, што значи дека ќе ги пропушти завршните дуели во Серија А, но најважно и финалето на Лига Европа.

Аталанта утре му гостува на Лече во рамките на домашното првенство, а веќе во среда ќе се соочи со Баер Леверкузен во финалето на ЛЕ кое ќе се игра во Даблин.

Тимот на Гасперини може да обезбеди влез во ЛШ со триумфот против бундеслигашкиот ривал, но и преку Серија А, каде на три натпревари до крајот има предност во однос на Рома.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни