Поврзете се со нас

Англија

Роналдо и Кавани се враќаат, Рангник потврди две отсуства во составот на Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Манчестер Јунајтед се подготвува за дербито со Тотенхем, а менаџерот Ралф Рангник денеска ги најави промените во составот за оваа средба.

Кристијано Роналдо и Единсон Кавани треба да бидат во комбинација, а тоа меѓу другото значи и враќање на Португалецот кој го пропушти дуелот со Сити поради повреда. Кавани паузираше еден месец поради повреда, а Рангник избегнал да го коментира фактот што Роналдо отпатувал во Португалија во пресрет на градското дерби.

– Нема поента да се навраќаме на тоа што се случуваше последните шест-седум дена. Најважно е она што ќе се случува утре, – рекол Рангник.

Германецот најави дека во тимот нема да бидат Шоу и МекТоминеј.

– Шоу и натаму има позитивен ковид тест, додека МекТоминеј има проблем со препоните. Ако ризикуваме со него утре, тогаш може да го загубиме дефинитивно за вторник, – изјавил Рангник, потсетувајќи дека Јунајтед ќе го игра реваншот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни