Репрезентација
РФМ потврди премии за националните селекции: Репрезентативките и репрезентативците ќе го добијат заслуженото

Ракометната федерација на Македонија ја информираше јавноста дека на последниот состанок донела одлука за одредување на парични награди за сениорските репрезентации во женска и машка конкуренција.
Така, според првата одлука, сениорската женска репрезентација ќе добие премија од 10.000 евра за остварениот максимален учинок од три победи на квалификацискиот турнир со кој обезбедија бараж средба за пласман на Светското првенство во Шпанија во 2021 година.
Доколку репрезентативките ја поминат Романија во баражот и се пласираат на Мундијалот ќе поделат уште дополнителни 40.000 евра како награда од РФМ.
Втората одлука на федерацијата се однесуваше на паричната награда за сениорската машка репрезентација предводена од Кире Лазаров. Доколку Македонија се пласира на првото место во квалификациската група репрезентативците ќе добијат 40.000 евра.
Доколку Македонија заврши како второпласирана во групата со освоени десет бода, паричната награда ќе биде 30.000 евра, а доколку се пласира на втората позиција со помалку од десет бда, паричната награда ќе биде 20.000 евра.
Ракометната федерација на Македонија продолжува со солидни премии да ги стимулира репрезентативците кои се борат за пласман на големите ракометни натпреварувања.

- Англијапред 21 час
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Италијапред 24 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Италијапред 18 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Шпанијапред 23 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 23 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Англијапред 22 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 19 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 18 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо