Поврзете се со нас

Англија

Раја со страшен кикс го врати Тотенхем во игра, Арсенал се одбрани и освои големи три бода (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Големото дерби во Северен Лондон привлече огромно внимание поради фактот што Арсенал се бори за титула, а Тотенхем имаше за цел да ги расипе плановите и да освои барем бод во дуелот на домашен терен.

„Петлите“ тргнаа доста отворено и амбициозно во обид да го зададат првиот удар во дуелот со избраниците на Микел Артета, но гостите од „Емирејтс“ беа како казнена експедиција во првиот дел и постигнаа дури три гола во мрежата на Викарио.

Играта од прекин е силна страна на Арсенал цела сезона и денеска беа постигнати два гола на ваков начин, од кој првиот беше автогол на Хојбјерг, а третиот на Хаверц. Во меѓувреме, во листата на стрелците се запиша и Сака по извонредната контра на гостите, па со резултат 0:3 се замина на пауза меѓу двете полувремиња.

Ова на хартија изгледаше како сигурна и комотна предност за Арсенал, но тоа се промени со страшникот кикс на Раја, по што настана голема тензија во последниот половина час. Ромеро ја искористи грешката и намали на 1:3, во 85-та беше досуден пенал и Сон погоди за уште подраматична завршница, па во последните минути Арсенал се бранеше со сите сили.

На крајот, бедемот пред голот на Раја не дозволи уште една стопроцентна шанса и „топчиите“ се одбранија од налетите на „петлите“, па така Арсенал го зголеми притисокот врз Сити кој денеска подоцна игра против Нотингем Форест.

Головите погледнете ги ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни