Поврзете се со нас

Англија

Потврда за „грабежот“: Судиската асоцијација призна дека Брајтон е оштетен за пенал

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/OfficialBHAFC

Англиските судии уште еднаш потфрлија и покрај можноста за корекција со ВАР, а вчерашниот „грабеж на денот“ се случи на дуелот меѓу Тотенхем и Брајтон.

При резултат 1:1, гостите бараа пенал за стартот на Хојбјерг над Митомо, но не само што судијата Стјуарт Атвел не досуди ништо, туку не беше повикан ниту од ВАР собата.

Неутралните фанови и стручните коментатори не можеа да поверуваат што гледаат, а Крис Сатон јавно порача дека Брајтон е ограбен во Лондон и очекува Хауард Веб повторно да му се извинува на овој клуб.

Тоа се случи нецели 24 часа подоцна, односно денеска Судиската асоцијација признала дека Брајтон бил оштетен за недосуден пенал на дуелот кој заврши со победа на Тотенхем од 2:1.

Веб како нејзин прв човек искомуницирал со претставниците на Брајтон, потврдувајќи дека Атвел и ВАР собата направиле грешка.

Ова нема да биде голема утеха, бидејќи ако евентуално победеше, Брајтон ќе се приближеше само на бод до вчерашниот противник и ќе имаше два натпревара помалку.

Сатон: Брајтон беше ограбен во Лондон, Хауард Веб повторно ќе се извинува (Видео)

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни