Поврзете се со нас

Франција

Почина Бернар Тапи – Контроверзен бизнисмен кој ја донесе единствената европска титула за Марсеј

Објавено

на

Француските медиуми пренесоа дека по долго боледување, на 78-годишна возраст починал Бернар Тапи, контроверзниот бизнисмен кој на фудбалската сцена е познат како поранешен претседател на Олимпик Марсеј.

Во ерата на Тапи, Марсеј стигна до својата единствена европска титула (1993) и беше постојано во врвот на европскиот фудбал, губејќи го и финалето од Црвена Звезда две години претходно.

Под водство на Тапи, Марсеј беше и француски првак четири години по ред, но како претседател на клубот заврши зад решетки поради наместен натпревар со Валенсиен, на кој Марсеј требало лесно да стигне до победата за неговите фудбалери да ја задржат потребната свежина за европските натпревари.

Клубот ја загуби титулата во сезоната 1992/93 поради обвинението за местење натпревари, а беше префрлен и во втората француска лига.

Контроверзните потези на сега починатиот Тапи биле актуелни и пред финалето меѓу Марсеј и Црвена Звезда во 1991 година, за што голманот на југословенскиот првак, Стеван Стојановиќ, сведочеше дека непознати лица му нуделе торба полна со пари пред дуелот во Бари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни