Поврзете се со нас

Свет

„Петка“ на Лазаров во гол шоуто во Нант

Објавено

на

Екипите на Нант и Шартр одиграа супер ефикасен меч во првата лига на Франција, средба која на крајот му припадна на фаворитот со 40-36.

Домаќините го загубија првиот дел со 21-19, долго се мачеа и во второто полувреме, меѓутоа имаа пеколна завршница во која скоро седум минути не му дозволија на противникот да даде гол и со серијата од 6-0 направија целосен пресврт за 16 славје во шампионатот.

Крилото Ривера со девет погодоци беше стрелец број еден, добра партија имаше и нашиот Кирил Лазаров со пет гола од осум обиди, плус три асистенции.

Нант со 33 бода е на второто место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни