Поврзете се со нас

Свет

Ова го има само во Јужна Америка: Даде гол во пенал серијата, па почна да танцува (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Колумбија избори пласман во полуфиналето на Копа Америка и тоа откако ја реши во своја полза битката со Уругвај и тоа по подобро изведување на ударите од 11 метри.

Херој во пенал серијата беше голманот Давид Оспина кој успеа два пати да ги прочита противниците, поточно ударите на Хименез и Вина.

Оспина постави рекорд и со два одбранети пенали ја одведе Колумбија во полуфиналето на Копа Америка (ВИДЕО)

Меѓутоа ова изведување на пенали беше одбележано и од еден необичен момент, акција во режија на Јери Мина.

Стоперот на Евертон ја прифати одговорноста и шутираше во третата серија и тоа прецизно. Ама иако ова беше на средина на серијата тој реши необично да го прослави голот, па прво го стави прстот во уста и потоа изведе танц.

Ова не му се одби од глава на Мина, ама замислете што ќе беше ако Урувај успееше да победи на овој натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни