Поврзете се со нас

Англија

Онана ја презема одговорноста: Јас сум виновен што не победивме (ВИДЕО)

Објавено

на

Манчестер Јунајтед постигна три гола на „Алијанц Арена“, но и тоа не беше доволно да се оствари позитивен резултат во дерби пресметката со Баерн Минхен (4-3) во групата А во Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи“ постојано го бркаа водство на противникот, во повеќе наврати губеа со два разлика (2-0, 3-1, 4-2), па покрај голема желба, напор и борба да се направи нешто повеќе не успеаа да освојат барем бод во Минхен.

Одговорноста за овој резултат ја презема голманот Андре Онана кој имаше лоша реакција при првиот гол на домашниот тим, голот на Сане по што работите тргнаа во друг правец за премиерлигашот.

-Јас сум тој што го изневери тимот. Тимот беше добар, мислам дека поради мене не го добивме натпреварот. Ова е животот на голманот. Тоа беше клучната точка.

-Морам да учам од тоа, да бидам силен, да продолжам понатаму. Имам многу да докажам. Да бидам искрен, мојот почеток во Манчестер не е како што сакам. Ова беше веројатно мојата најлош меч. Тешко е, тешко време, -порача Онана за ТНТ Спортс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни