Поврзете се со нас

Шпанија

Новиот лидер во Реал: Не сакам јас да бидам причината за пензионирање на Анчелоти

Објавено

на

Феде Валверде е вистинска сензација од стартот на новата натпреварувачка сезона, не поради тоа што не бевме запознаени со неговите квалитети, туку поради напредокот кој го забележа во повеќе сегменти.

Талентот и потенцијалот на Уругваецот никогаш не бил доведен во прашање, но изминативе неколку месеци полека прераснува во вистински лидер во играта на Реал, за што говорат и изјавите на неговите повозрасни соиграчи. Тони Крос по „Ел Класико“ победата порача дека Феде е во топ три најдобри играчи во светот во овој момент, а огромната самодоверба во која ужива Уругваецот прави да биде извонреден и во една статистика која не му одеше во прилог.

Валверде постигна само еден гол минатата сезона, но со овој вечерашниот против Елче стигна веќе до шест гола оваа сезона, а му преостанува да постигне најмалку уште четири за да го исполни барањето на Карло Анчелоти. Италијанецот порача дека ќе ја искине тренерската лиценца доколку Феде сезонава не постигне десет гола, па оттаму и интересната изјава која ја даде Валверде по триумфот над Елче од 0:3.

– Многу сум среќен за новата победа и изгледот на тимот. Добро знаете што кажа Анчелоти, се обложи на мене и побара да ја надминам цифрата од десет голови оваа сезона.

– Концентриран сум да го направам тоа. За мене тоа е убав притисок и искрено, не сакам да бидам причината за пензионирање на тренер како Анчелоти. Сега имам уште поголем мотив да постигнувам голови, – низ смеа изјави Валверде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни