Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Неверојатно прецизна прогноза: Стариџ ги погоди најважните моменти за Баерн на пресметката со Реал (ФОТО)

Објавено

на

Баерн Минхен и Реал Мадрид одиграа без победник 2-2 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.

Двета тима имаа можност, минути во кои водеа, но и минути во кои беа негатива, па на крајот ремито ги остава отворени сите опции на реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ закажан за 8 мај.

Овие натпревари од елитното натпреварување се интересни и се пратат од сите фудбалски фанови во кој секако спаѓаат сегашни и поранешни играчи, група од која дел е некогашниот член на Манчестер Сити, Челси и Ливерпул, Даниел Стариџ кој пред средбата на Минхен даде една прогноза која се оствари.

-Сане ќе биде голем проблем вечерва. Гол за него и пенал за Кејн,-напиша Стариџ koj погоди дека гол ќе даде и Вини Жуниор.

Само за потсетување Сане го даде првиот гол за Баерн, а Кејн беше стрелец на вториот со удар од 11 метри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни