Поврзете се со нас

Свет

Нејмар за преселбата на Меси во САД: Ова ќе биде…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/PSG

Лионел Меси се реши да ја избере понудата од Интер Мајами и во иднина ќе го гледаме како дел од овој тим кој се натпреварува во МЛС лигата.

Аргентинецот се поврзуваше со Барселона, огромна сума на пари пак му нудеше Ал Хилал од Саудиска Арабија, меѓутоа неговата одлука беше преселба во клубот од Флорида каде најпознато лице е косопственикот Дејвид Бекам.

Нејмар како добар пријател на Меси имаше збор на оваа тема, па директно порача какво влијание ќе има напаѓачот на целата лига.

-Сигурен сум дека Лео ќе ја промени лигата во САД. Верувам дека лигата ќе стане многу попопуларна. Затоа секој мора да ја искористи предноста и да ужива во него како игра бидејќи за жал ништо вечно не трае, -рече Неј кој досега соработуваше со Лео во ПСЖ.

-Тажен сум и среќен во исто време. Веќе знаев. Меси е еден од моите најдобри пријатели, подарок што ми го даде фудбалот. Имав можност да го запознаам, да играм со него и потоа да изградам убаво пријателство. Значи, знаев дека сака да дојде овде [Мајами] и разговаравме за тоа. Му реков дека ќе биде многу среќен во градот, поради стилот на живот, можноста да дојде да живее и да игра овде во Мајами, -порача Бразилецот за „ЕСПН“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни