Поврзете се со нас

Франција

Навивачите на Лион го „нокаутираа“ Паје, дербито е во прекин (ВИДЕО)

Објавено

на

Вечерва Лион и Олимпик Марсеј треба да го играат дербито во Лига 1, но дуелот по само неколку минути мораше да биде прекиннат откако домашните навивачи го погодија со шише Димитри Паје.

Паје се подготвуваше да изведе корнер кога од трибините долета шише кое заврши во неговото лице. Судијата Руди Буке го прекина мечот и ги испрати играчите во соблекувалната, па останува да видиме што понатаму ќе се случува.

Инаки Паје не е првпат на мета на навивачите, така беше и против Ница каде се случи поголем инцидент и мечот се прекина и истиот беше одигран во друг термин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни