Поврзете се со нас

Светски првенства

Навивач се обиде да му попречи на Едвардс, Американецот со својот одговор ја изнасмеа публиката (ВИДЕО)

Објавено

на

Американската кошаркарска репрезентација лесно дојде до втората победа на Светското првенство и тоа во дуелот со Грција кој го реализираше со 109-81.

Избраниците на Стив Кер се покажаа во подобро издание од првиот меч, рутински ги добија сите четири четвртини, а и сите играчи се запишаа во листата на стрелци.

Еден од најефикасните беше Ентони Едвардс со 13 поени, а токму асот на Минесота Тимбервулвс со една контра реакција ја изнасмеа публиката во Манила.

Ентони беше на пенал линијата и еден навивач со викање се обиде да му попречи, па откако Американецот го погоди слободното фрлање имаше свој крик со кој ги насмеа присутните.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни