Поврзете се со нас

АТП

Надал за тоа дали оваа година ќе биде последна во кариерата: Одлуката ќе ја донесам пред…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Nadal

Рафаел Надал уште некое време нема да го гледаме на турнирите затоа што го откажа настапот во Доха.

Шпанецот на почетокот на оваа година направи кам-бек на терените, но се здоби со повреда во Бризбејн по што реши да се откаже од Аустралијан Опен. Тој требаше да игра во Катар, ама и покрај тоа што дојде се одлучи да не ризикува затоа што не е доволно подготвен.

-Не е драма, но е голем удар. Не се чувствував добро и не можев да ризикувам. Дојдов во Доха, тренирав интензивно, но не одиграв ниту еден сет, -вели Рафа кој откри дека пред Ролан Гарос ќе донесе јасна одлука околу тоа дали 2024 е негова последна во кариерата.

-Пред Ролан Гарос ќе одлучам дали ова ќе ми биде последна година. Не можам да кажам ништо 100 проценти. Имам уште два месеци, не сакам да пресечам ништо по една година неиграње. Сакам да уживам во Париз. Ако мислев дека немам опција да го освојам Ролан Гарос, би направил други работи. Во моментов е комплицирано да се мисли дека можам да победам, но не сакам да го изгубам од вид овој турнир, -порачува Надал кој е спречен да прави долгорочни планови.

-Она што сакав да биде мојот натпреварувачки календар за оваа година, нема да биде. Има голема разлика помеѓу она што сакав да го играм и она што на крајот ќе го играм. Се надевам дека до стартот на сезоната на земја ќе бидам во прифатлива форма. Не зборувам за желбата да бидам компетитивен, туку здрав. Се надевам дека ќе бидам во Мадрид, но ќе играм само она што е реално, -заклучи големиот грен слем шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни