Поврзете се со нас

Италија

Мурињо ќе ја започне новата сезона со суспензија и во Серија А

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Жозе Мурињо доби сериозна казна од УЕФА поради вербалните напади на сметка на судијата Ентони Тејлор, а денеска доби суспензија и во Серија А поради нападите на сметка на судијата Даниеле Кифи.

По натпреварот меѓу Рома и Монца игран на 3. мај, Мурињо изјави дека никогаш во кариерата нема сретнато полош судија од Кифи, посочувајќи дека главниот судија немал никаква комуникација со фудбалерите и не чувствувал никаква емпатија кон актерите на теренот.

Федерацијата денеска му изрече суспензија од 10 дена на Мурињо, а истата ќе се активира од денот кога ќе се игра првото коло во новата сезона на Серија А, што значи дека Португалецот нема да седи на клупата на Рома најмалку на еден натпревар.

Покрај тоа, Мурињо и Рома ќе треба да платат парична казна од по 50.000 евра.

Претходно, УЕФА го казни Мурињо со четири натпревари суспензија поради жестоките навреди на сметка на Тејлор по финалето на Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни