Поврзете се со нас

Германија

Матеус пронајде „нов Халанд“ во Бундеслигата: Се работи за роден голгетер (Видео)

Објавено

на

Бенјамин Шешко направи трансфер во Ред Бул Лајпциг ова лето и веќе експресно одговори позитивно во новата средина, бидејќи Словенецот постигна пет гола на првите седум меча како член на бундеслигашот.

Доскорешниот играч на Ред Бул Салцбург се пресели во сестринскиот клуб во Германија и веќе ги собра симпатиите од спорткса јавност, бидејќи 20-годишниот фудбалер со својот стил на игра и физичките предиспозиции, се повеќе наликува на Ерлинг Халанд.

Ова посебно го анализираше легендарниот Лотар Матеус, кој вели дека Шешко има се што е потребно за да триумфира во Германија, а после да направи уште поголем трансфер во кариерата.

– Шешко има нешто слично на Халанд. Го нема истото име и можеби ја нема таа сила за трчање, но сепак импресионира со головите кои ги дава, со својата моќ во дуел играта.

– Тој добро го користи своето тело и може слободно да се каже дека ги следи стапките на Халанд. Тој е роден голгетер и добро се движи во нападот, а интересно е тоа што не важи за изненадување. Тој веќе го правеше ова во Салцбург, – вели Матеус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни