Поврзете се со нас

Свет

Мартинез откри една причина поради која Левандовски посакува трансфер во Барселона

Објавено

на

Хави Мартинез до крајот на минатата сезона беше соиграч на Роберт Левандовски и навистина добро го познава напаѓачот кој се наоѓа пред своевидна раскрсница, односно треба да дознае дали ќе добие дозвола за трансфер, или ќе мора да се помири со уште една сезона како играч на Баерн Минхен.

Полјакот инсистира да го напушти баварскиот великан после долги години и да се одлучи за нов клупски предизвик, но Баерн е решен во тоа да не му дозволи да си замине и е подготвен да ризикува да го загуби и како слободен агент наредната година.

Во наредниот период ќе дознаеме дали двете страни ќе седнат на маса за нов договор, но засега е познато само дека Баерн му ја затвори вратата и не размислува да го продаде за ниту една сума. Хави Мартинез е свесен дека ќе биде многу тешко Левандовски да си замине од „Алијанц арена“ во ваква ситуација, но си даде за право да открие зошто напаѓачот всушност размислува за трансфер во Шпанија.

– Ако Баерн не сака да те продаде, тогаш си навистина зае.ан бидејќи во Германија не постои клаузула која може да те ослободи.

– И покрај се, јас верувам дека постои некоја мала шанса да заврши во Барселона. Знам што мисли Левандовски. Тој смета дека играњето во Шпанија ќе му помогне да ја освои „Златната топка“, тоа е една од причините за трансфер, – вели Хави Мартинез во интервјуто за „АС“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни