Поврзете се со нас

Лига Европа

Македонските претставници ги добија противниците во квалификациите од Лига Европа

Објавено

на

Македонските претставници Шкендија, Ренова и Шкупи денеска во Нион ги добија своите противници за првото квалификациско коло во Лига Европа.

Тимот на Шкендија кој беше единствениот од нашите претставници кој беше носител за противник го доби тимот на Сумгаит.

Шкупи доби најнезгоден ривал откако падна со Нефчи од Азербејџан, додека Ренова силите ќе ги соочи со ерменскиот Алашкерт.

Како што е познато, ќе се игра само по еден натпревар за што побрзо комплетирање на квалификациите.

Натпреварите се закажани за 20 август, а интересно е тоа што трите македонски клуба ќе гостуваат во првото коло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни