Поврзете се со нас

Светски првенства

Македонија доби фантастична група во квалификациите за СП: „Црвено-жолтите“ можат да сонуваат и за мундијал!

Објавено

на

Оваа вечер се одржа толку очекуваната ждрепка за европските квалификации за Светското првенство во 2022-ра година кое ќе се одржи во Катар, извлекување од кое дел беше и нашата македонската репрезентација која изминатиот месец направи историја со пласманот на едно Европско првенство.

Македонија како селекција од четвртиот шешир ги чекаше своите противници во квалификациите за мундијалот кој ќе се игра за две години, а ждрепката која ја извршуваа Даниеле Де Роси и Рафаел Ван Дер Варт ни донесе навистина поволни противници, ако се исклучи Германија

Извлекувањето кое беше виртуелно за останатиот дел од јавноста се одржа во Цирих, а Рафаел Ван Дер Варт ја извлече нашата селекција во последната група, во групата во која Германија е главен фаворит.

Македонија ќе биде дел од групата Ј, во која покрај „панцирите“, македонските фудбалери ќе можат комотно да се надигруваат против Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн. Со оглед на силите, Македонија дефинитивно ќе може да се надева на одличен пласман ако се земе во предвид актуелната форма, или поточно, ќе може да го нападне второто место кое обезбедува дополнителен бараж.

Само првопласираните селекции обезбедуваат директен пласман на Светското првенство, додека десетте второпласирани репрезентации заедно со уште две репрезентации кои се најдобри од Лигата на нации ќе поминат низ бараж систем по кој ќе бидат познати уште шест европски репрезентации учесници на светското првенство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни