Поврзете се со нас

НБА

Мајами направи втор „брејк“ во серијата со Бостон (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/MiamiHEAT

Џими Батлер и соиграчите му донесоа втора победа на Мајами во серијата со Бостон (111:105), па тимот на Хит се враќа на домашен терен со голема предност од 2:0.

По добриот почеток на Мајами, Бостон ја презема контролата на резултатот и имаше водство до последниот период, во кој гостите направија пресврт и до крајот ја задржаа предноста за многу вредна победа.

Батлер го завршил натпреварот со 27 поени, Кејлеб постигнал 25, додека Адебајо уфрлил 22 поени на вториот дуел со Бостон.

Кај домашниот тим, Тејтум бил најдобар реализатор со 34 поени, додека далеку зад него бил Браун со 16 поени.

Мајами следните две средби ги игра на домашен терен, па има голема шанса да го елиминира фаворитот во оваа финална серија на источната НБА конференција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни