Поврзете се со нас

Италија

Лукаку се свртел кон Јувентус како одговор на одлуките на тренерот Инѕаги

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter_en

Ромелу Лукаку реши да флертува со Јувентус и ги натера челниците на Интер да му ја затворат вратата на европскиот вицешампион, но италијанските медиуми тврдат дека ова сценарио не е случајно.

Покрај фактот што Интер предолго не може да ја договори трансфер сумата со Челси, Лукаку имал и други причини да размислува за трансфер во големиот ривал од Торино.

Според медиумите, однесувањето на тренерот Симоне Инѕаги кон Лукаку во вториот дел од претходната сезона го разочарале Белгиецот, а кулминацијата била одлуката да не биде стартер во финалето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Лукаку не беше стартер на најважните натпревари и Инѕаги се решаваше за тандемот Мартинез-Џеко, дури и во последните месеци во кои корпулентниот напаѓач играше во добра форма.

Белгиецот сметал дека повторно нема да биде прв избор на напаѓачката позиција кај тренерот на Интер, па затоа и одолговлекувал при преговорите, а имал разговори и со претставници на Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни