Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ловрен за поразот од Јувентус: Повторениот пенал нè пресече

Објавено

на

Зенит не успеа да го изненади Јувентус во Торино и останува само со теоретски шанси за пласман во нокаут фазата на Лигата на шампионите, а капитенот Дејан Ловрен вели дека играта на неговиот тим се распаднала по реализираниот пенал на Дибала за 2:1.

Судијата Ернандес му даде втора шанса на Аргентинецот поради прераното втрчување во шеснаесетникот на неколку гостински играчи, а Дибала не ја пропушти втората можност и донесе ново водство, кое до крајот беше и зголемено.

– Тешко ми е да го прифатам поразот, но тоа е реалноста, загубивме од подобар тим.

– Во првото полувреме не игравме лошо, но решавачки момент беше повторениот пенал. Тоа влијаеше на нас, како да ја загубивме концентрацијата, па противникот постигна уште два гола. За тоа сме виновни сами.

– Јувентус нападна од првата минута, дуелот беше различен од тој во Русија, ние ја чекавме својата шанса. Можеби им дозволивме премногу да притиснат бидејќи тие се навикнати на такви натпревари, – изјавил Ловрен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни