Поврзете се со нас

Италија

Локатели со извонредна реализација го реши големото дерби во Торино (Видео)

Објавено

на

Мануел Локатели почна да проработува како големо засилување за Јувентус во новата натпреварувачка сезона, бидејќи минатиот викенд ги запиша првиот гол и првата асистенција, а денеска се погрижи за слатка победа во големото дерби.

Јувентус победи како гостин против градскиот ривал Торино благодарение на инспирацијата на најголемото летно засилување, кое на четири минути пред истекот на регуларните 90, изведе извонреден и неодранлив шут кој заврши во мрежата на домашниот голман.

Торино беше далеку подбар ривал во првото полувреме и не ја искористи својата иницијатива, а тоа му овозможи на Алегри да започне отпочеток, но со многу поразличен пристап.

Фудбалерите на Јувентус изгледаа максимално ангажирано во вторите 45 минути, па на крајот добија и заслуга за таквото ориентирање со одличниот гол на Локатели.

По катастрофалниот старт на сезоната, за Јуве ова беше трета победа во низа во Серија А, па сега тимот е во горниот дел на табелата и се искачи на 8-то место со 11 освоени бода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни