Италија
Лацио не го крие незадоволството од усвоениот медицински протокол за Серија А
Серија А го прифати ригорозниот медицински протокол според кој секоја екипа ќе заврши во 15-дневен карантин ако само еден од фудбалерите или членовите на стручниот штаб има позитивен тест на коронавирусот, а таквото решение експресно беше критикувано од Лацио.
Екипата која се бори за шампионската титула го презентираше својот став преку предводникот на медицинскиот тим, Иво Пулчини.
– Ставањето на цел тим во карантин поради еден случај е навистина смешно.
– Научната комисија не сакаше да ги слушне ставовите на експертите од спортската медицина. Ако имаме позитивен тест, го ставаме тој член во карантин и ги тестираме другите. Зошто да ги третираме другите дека се болни, дали сме луди?
Италијанските клубови посакуваа протокол како во Бундеслигата, но дури и во Германија одлуката за соочување со позитивен тест е оставена на локалните здравствени тела што беше докажано и со второлигашот Динамо Дрезден кој е во карантин со целиот прв тим.
-
Шпанијапред 21 час
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 21 час
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 18 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 22 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 20 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 22 часа
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Шпанијапред 18 часа
Синот на Симеоне со вулгарен гест кон навивачите на Реал го украде шоуто во вип ложата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто