Поврзете се со нас

Италија

Лацио го промовираше третото летно засилување, ќе го носи дресот со број 18 (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Екипата на Лацио се активира на трансфер пазарот и за кратко време обезбеди уште едно засилување кое доаѓа од Скандинавија од тимот на Митјиланд.

Калчолигашот офијално го потврди ангажманот на 22-годишниот офанзивец Густав Исаксен. За него лацијалите ќе издвојат околу 16 милиони евра, а тој потпиша петгодишен договор според кој ќе заработува по 1,5 милиони евра по сезона.

Данецот е трето ново име во редовите на „бјанкочелестите“, претходно беа доведени Даичи Камада и напаѓачот Тати Кастелјанос.

Густав ќе го носи дресот со број 18.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни