Поврзете се со нас

Шпанија

Куман: Цел свет виде дека имаше пенал врз Жорди Алба, не знам што правеа во ВАР (Видео)

Објавено

на

Севилја беше далеку поефективна од Барселона и си обезбеди огромна предност на првиот полуфинален меч со Барселона во Копа дел Реј, што од друга страна значи дека избраниците на Роналд Куман ќе мора да се надминат себеси и да го подигнат нивото за неколку скалила доколку сакаат да се најдат во финалето.

Со оглед на начинот на кој игра тимот на Лопетеги, Барса ќе има доста тешка задача на „Камп Ноу“, пред се поради вториот примен гол во самата завршница од мечот кој се одигра на „Санчес Писхуан“ изминатава вечер. Иван Ракитиќ погоди за 2:0 и од почит не го прослави погодокот кој беше потврда на победата која претходно ја најави Кунде, но покрај големите шанси, дербито не можеше да мине и без контроверзен момент како што беше паѓањето на Жорди Алба во домашниот шеснаесетник.

При резултат 1:0, левиот бек на Барса падна во опасната зона по еден контакт кој го имаше со Сусо, но ниту главниот судија, ниту одговорните луѓе од ВАР не се вмешаа и не ја прегледаа ситуацијата.

– Акцијата на Жорди Алба е пенал. Генерално гледано, главниот судија Лахоз беше добар, но една акција отвора сомнеж за неговата арбитража. Цел свет виде и ми кажа дека е пенал, не само луѓе од Барселона. Не знам зошто ВАР не интервенираше. Севилја правеше многу паметни прекршоци, ја кратеа играта, беа паметни и физички многу незгодни.

– Сепак, добија преголема премија за тоа што го прикажавме на натпреварот. Заслуживме многу повеќе, игравме добро, креиравме шанси. Ќе биде незгодно да се вратиме од ова, ќе беше многу значаен гол на гостински терен. Но, овој тим е спосебен на се кога игра на „Камп Ноу“, – изјави Куман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни