Поврзете се со нас

НБА

Феникс го потврди името на новиот тренер

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Suns

Разочарувачкиот финиш на сезоната за Феникс донесе и тренерска смена, а од денеска е официјализиран и наследникот на Френк Вогел.

Нов предводник на „сонцата“ ќе биде Мајк Баденхолцер, искусниот стручњак кој договорил петгодишна соработка со Феникс и веќе започнал да го составува стручниот штаб за следната сезона.

Според неофицијалните информации, Баденхолцер ќе заработи нешто повеќе од 50 милиони долари за соработката со новиот клуб.

Баденхолцер потекнува од Аризона и овој ангажман има посебно значење, а Феникс од него очекува да изгради тим со кој ќе Санс ќе биде конкурентни за титулата, нешто што Баденхолцер успеа да го постигне како тренер на Милвоки во 2021 година.

Феникс ја заврши сезоната со ефект 49-33, но загуби со убедливи 4:0 од Минесота во првата рунда на плејофот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни