Поврзете се со нас

Шпанија

Чави и Деко се согласиле за продажба на една голема ѕвезда на Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Барселона веќе почна да ја планира реконструкцијата на тимот за следната сезона, а покрај очекуваните засилувања, најавени е и разделба со неколку актуелни членови на составот предводен од Чави.

Каталонски „Спорт“ тврди дека тренерот постигнал согласност со спортскиот директор Деко за продажба на една голема ѕвезда, а се работи за Роберт Левандовски.

Искусниот напаѓач веќе не е приоритет за Барса и ќе му биде дозволено заминување, нешто што ќе има двоен бенефит на клупскиот буџет.

Покрај трансфер сумата која ќе ја очекува шпанскиот клуб, ќе се ослободи и од големата плата на Полјакот, која треба да порасне следната сезона согласно договорот кој го има Левандовски со Барселона.

Чави сака сериозни промени во офанзивната линија на својот тим следната сезона и планира тоа да го направи без Левандовски во тимот, но за ова интерес и желба треба да има и кај 35-годишниот фудбалер и неговиот агент Пини Захави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни