Поврзете се со нас

Италија

Четата на Мота на чекор од ЛШ: Одличната Болоња го освои и Неапол (ВИДЕО)

Објавено

на

Болоња игра навистина квалитетен фудбал во оваа сезона и дефинитивно е на одличен пат да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Избраниците на Мота оваа вечер го суредија Наполи со 2-0 на негов терен во Неапол. Ова за Болоња беше прва победа над овој противник по пауза од пет години.

Најважните моменти се случија во првиот дел кога гостите од 9 до 12 минута се стекнаа со убедливо водство со погодоците на Ндоје и Пош.

Наполи имаше можност да се врати во игра во 21 минута, меѓутоа Политано не го искористи ударот од 11 метри. Во продолжението немаше промени на резултатот, па Болоња дојде до 67 сезонски бод со што е на третата позиција во Серија А зад Интер и Милан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни