Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола посебно воодушевен од еден играч: Им дадов три дена одмор, а само тој се појави во тренинг центарот

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Јошко Гвардиол немаше постигнато ниту еден гол до стартот на месец март, но во последните 30-тина дена изненадувачки се претвори во еден од најдобрите голгетери на Манчестер Сити.

Иако природна позиција му е стопер, Хрватот се адаптираше на барањата на Пеп Гвардиола и веќе подолго време игра како лев бек, но се почесто е извонреден и во офанзивниот дел.

Гвардиол првиот гол во дресот на Манчестер Сити го постигна против Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но оттогаш еднаш погоди и против Лутон и Нотингем, а вчера беше двоен стрелец против Фулам.

Тоа го натера Пеп Гвардиола јавно да го пофали фудбалерот со слично презиме како неговото, а Шпанецот е најизненаден од добрата снаодливост на Јошко во нападот.

– Првиот гол кој го постигна Гвардиол е доказ дека го потпишавме најдоброто крило во светот! Навистина сме презадоволни од Јошко. По мечот со Вулверхемптон, им дадов три ена одмор на играчите, а Гвардиол беше единствениот кој се појави во тренинг центарот и кој дојде да се опорави од напорот. Веќе е јасно, потпишавме неверојатен играч кој ќе ни даде многу во годините кои претстојат, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни