Англија
Покетино ги погоди резервите, Челси направи пресврт за победа за три минути (Видео)
Нотингем Форест и Челси направија по еден пресврт, но на крајот гостите се радуваа на победата (2:3) и ги задржаа шансите да изборат место во европските купови.
Одличната асистенција на Палмер беше искористена од Мудрик за водство на Челси во 8. минута, но во продолжение Нотингем почна да прави притисок пред голот на гостите и тоа резултираше со целосен пресврт.
Само осум минути подоцна Боли израмни, додека Хадсон-Одои постигна гол во 75. минута и донесе голема еуфорија на стадионот на „шумарите“ со водството против фаворитот.
Сепак, Маурисио Покетино направи две добри замени и Стерлинг и Џемјс имаа директно влијание на вториот пресврт на оваа средба, овој пат во корист на гостите.
Стерлинг реализираше во 80. минута за израмнување, а Џексон нецели три минути подоцна погоди на асистенција на Џејмс за конечни 2:3.
Со денешната победа, Челси има ист број бодови како Њукасл, две екипи кои се на шестото и седмото место, додека Нотингем е многу блиску до обезбедување опстанок и покрај денешниот пораз.
-
Италија16 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија17 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Англија17 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Шпанија17 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Свет14 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Италија11 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија10 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)