Поврзете се со нас

Англија

Конте е подготвен да го напушти Тотенхем и да се врати дома

Објавено

на

Италијанскиот стратег, Антонио Конте од минатата година е на чело на премиерлигашот Тотенхем со кого успеа во првата сезона да ја сврти ситуацијата и да обезбеди Топ 4 пласман, поточно место во Лигата на шампионите.

Целта во оваа кампања е да се повтори најмалку истиот резултат иако дел од медиумите ги ставаа „петлите“ како кандидати за пехарот, но самиот Конте во повеќе наврати истакна дека тоа е невозможно во моментов.

Веќе се поставува прашањето дали Антонио ќе остане на сегашната функција и по 2023 година, Тотенхем сака да ја продолжи соработката, ама Италијанецот тактизира и не сака да даде конкретен одговор иако има богата понуда на маса.

Секогаш кога Конте ја користи оваа тактика, тој не сака да остане во сегашната средина и според „Дејли Мејл“ постои реална можност така да биде и во оваа ситуација. Стратегот размислува за моментот, сегашноста и ќе му остане посветен на составот од северен Лондон до кога и да биде потребно, но според истиот овој извор тој би сакал да се врати дома каде би можел одново да заврши во Јувентус како наследник на Масимилијано Алегри.

Антонио имаше епизода во Торино како играч и како тренер, па иако не се раздели баш најдобро со претседателот Андреа Ањели работите можат да се средат и трофејниот стручак да го видиме на клупата на „бјанконерите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни