Поврзете се со нас

Англија

Клоп соопшти лоши вести за Фирмино: Тоа е голем проблем за нас

Објавено

на

Ливерпул го загуби Роберто Фирмино на одреден период, а денеска менаџерот Јирген Клоп признал дека отсуството на Бразилецот ќе биде голем удар за неговиот тим.

Фирмино беше заменет на дуелот со Атлетико Мадрид од Лигата на шампионите и сега ќе отсуствува повеќе од еден месец.

– Фирмино има сериозна повреда на тетивата, зборуваме за период подолг од четири недели.

– Тоа е голем удар за нас, Боби нема да се врати по паузата за репрезентациите. Сепак, тој обично брзо се рехабилитира и очекувам повторно да биде така, – изјавил Клоп.

Ливерпул во недела има незгодно гостување кај Вест Хем, а натпреварот се игра од 17:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни