Поврзете се со нас

АТП

Калин во исцрпувачки меч го урна вториот носител и ќе се бори за титулата во Тунис

Објавено

на

Македонскиот тенисер, Калин Ивановски обезбеди место во големото финале на ИТФ фјучерсот што се игра во Монастир, Тунис.

Во денешното полуфинале Калин одигра исцрпувачки меч против вториот носител Сирил Вандермерш од Франција, меч кој по скоро четири часа игра му припадна на Македонецот со 2-1 во сетови.

Македонската тениска надеж го загуби првиот сет во тај-брејкот со 7-2, но ова не му го наруши ритамот, фокусот, па во вториот сет возврати со 7-5 и го одведе натпреварот во трета решавачка „рунда“.

Тука Калин беше подобар, правеше предност и му го одземаше сервисот на противникот, ама потоа Французинот одговораше и одново се дојде до тај-брејк во кој Ивановски блескаше и со 7-2 дојде до борба за титулата на турнирот кој се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Ривал за пехарот ќе му биде 1137 играч на светот, 25-годишниот Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни