Поврзете се со нас

Италија

Јувентус конечно ќе го реши прашањето за нов спортски директор

Објавено

на

Кристијано Џунтоли одамна се обидува да го раскине договорот со Наполи, а денеска успеал да постигне договор со раководството предводено од Аурелио Де Лаурентис.

Досегашниот спортски директор на новиот италијански шампион е еден од најзаслужните за големиот успех на Наполи, но реши да прифати нов предизвик кој најверојатно ќе се вика Јувентус.

„Бјанконерите“ веќе неколку месеци го чекаат Џунтоли за да ја преземе одговорната функција и да раководи со трансфер политиката на клубот, а сега тој ќе биде слободен да потпише за друг клуб.

Италијанските медиуми веќе објавија дека Џунтоли ќе мора да се откаже од бонусите кои му следуваа за последната сезона од договорот со Наполи, но сигурно ќе заработи многу поголема сума од ангажманот во Јувентус.

51-годишниот Џунтоли претходно работеше во Специја и Карпи, а во 2015 година стана спортски директор на Наполи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни