Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ и Портер Џуниор му донесоа триумф на Денвер, Далас во победнички ритам (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/nuggets

Актуелниот шампион, Денвер Нагетс славеше над Њујорк Никс со 113:100 во најпривлечниот натпревар во НБА лигата.

Њујорк допатува во Колорадо со одлична серија на резултати, па беше повеќе од јасно дека ќе гледаме интересна пресметка во која домаќините ќе мора да дадат се од себе за да ги израдуваат своите поддржувачи.

Избраниците на Мелоун ги добија сите четири четвртини со тоа што разликата не беше голема, ама доволна за да се оствари целта. Портер Џуниор со 31 поен беше прв стрелец, но најдобар на паркетот беше Јокиќ со трипл-дабл од 30 поени, 14 скока и 11 асистенции.

Кај Никси за кои ова беше прв пораз од 11 март, Брансон беше автор на 26 кошеви.

Далас Маверикс пак е во посакуваниот ритам и рутински го доби соочувањето со Јута Џез со 113:97. Маверикс имаа една моќна четвртина и тоа онаа втората која ја реализираа со 27:15 што беше доволно да се стекнат со предност која потоа ја контролираа до самиот крај.

Дончиќ уфрли 34 поени со 9 скока, 8 асистенции и 4 украдени топки, најголема поддршка му беше Гафорд со 24 поени.

НБА, резултати
Орландо – Њу Орлеанс 121:106
Вашингтон – Сакраменто 109:102
Хјустон – Чикаго 127:117
Милвоки – Бруклин 115:108
Далас – Јута 113:97
Денвер – Њујорк 113:100
Феникс – Атланта 128:115

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни