Поврзете се со нас

НБА

Инцидентот на дуелот Њу Орлеанс-Мајами донесе четири исклучувања, најдалеку отидоа Брајант и Алварадо (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/MiamiHEAT

НБА натпреварите одиграни утринава останаа во сенка на инцидентот кој се случи во Њу Орлеанс, а по кој беа исклучени четири кошаркари од екипите на Мајами и Њу Орлеанс.

Тепачката се случи по прекршокот на Лав над Вилијамсон, ситуација во која се вклучи и Џими Батлер, по што настана целосен хаос на теренот.

Само што судиите сметаа дека ги смириле страстите на теренот, тупаници почнаа да си разменуваат Томас Брајант и Хозе Алварадо, а овој дел од инцидентот предизвика проблеми и на трибините.

На крајот судиите ги исклучија Батлер, Брајант, Алварадо и Наџи Маршал, а гостинската екипа на Мајами го доби натпреварот.

Од другите натпревари вреди да се издвои дека Никола Јокиќ забележа уште еден трипл-дабл со 29 поени, 15 скокови и 14 асистенции, а неговиот Денвер славеше на гостувањето кај Портланд.

Атланта– Торонро 121:123
Филаделфија – Кливленд 104:97
Хјустон – Феникс 114:110
Мемфис – Л.А Клиперс 95:101
Њу Орлеанс – Мајами 95:106
Оклахома Сити – Вашингтон 147:106
Голден Стејт – Шарлот 97:84
Тимбервулфс – Бакс 107:112
Блејзерс – Нагетс 112:127
Лејкерс – Спарс 123:118

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни