Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола по најавите за истрага во Сити упати закана: Овие 19 премиерлигашки клубови…

Објавено

на

Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го изнесе својот став по најавите дека е отворена истрага против неговиот клуб поради наводно кршење на финансиските правила од Премиер лигата.

Гвардиола, очекувано, застана во одбрана на својот тим и потврди дека им верува на луѓето кои работат на случајот, нагласувајќи дека Сити на крајот ќе излезе како победник од целата оваа ситуација.

– Нема да се помрднам од моето столче. Сакам да останам во Манчестер Сити повеќе од било кога, сигурен сум во тоа. Манчестер Сити никогаш не ме лажел, погледнете што се случи со УЕФА, не направивме ништо лошо. Зошто не би им верувал на моите луѓе?

– Овие 19 премиерлигашки клубови направија преседан. Тоа што ни го направија, треба да бидат внимателни. Многу клубови може да дадат свои видувања, а некои да бидат обвинети, како што бевме обвинети ние. Убеден сум дека ќе бидеме невини.

– Манчестер Сити докажа дека сме целосно невини во случајот со УЕФА, зошто сега не би мислел така, -изјави Пеп Гвардиола.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни