Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола не штедеше пофални зборови за фаворитот за тренерската позиција во Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше запрашан за мислење околу тренерот кој најмногу се поврзува со испразнетата позиција во Манчестер Јунајтед.

Некогашниот стратег на Тотенхем, а сега предводник на ПСЖ, Маурисио Покетино, како што стојат работите ќе биде нов тренер на „црвените ѓаволи“.

Наводно од Манчестер Јунајтед се подготвени да ги платат бараните 10 милиони евра на ПСЖ за да го обезбедат потписот на Покетино кој исто така изразил подготвеност да го замени Солскјер на клупата на „Олд Трафорд“.

Гвардиола го пофали Покетино и посочи дека тој е одличен менаџер и покрај тоа што нема освоено многу трофеи во кариерата.

– Прилично сум сигурен дека менаџерите од година во година се подобруваат. Секоја помината сезона сте научиле многу работи и прилично сум убеден дека Покетино е одличен менаџер.

– Може да бидете топ менаџер и без освојување на титули. Менаџерите кои имаат шанса да освојат тиули се топ, но топ треба да бидат и клубовите кои инвестираат во неверојатни фудбалери, во спротивно невозможно е да се освои нешто.

– Тоа не значи дека тренерите во Чемпионшип или оние под шестото место во Премиер лигата не може да бидат одлични на тактички план, во комуникацијата со играчите, во водењето..Не секогаш е потребно да се освојуваат титули, -изјави Пеп Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни