Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола: Не мора да си гениј за да сфатиш што треба да правиме против Реал

Објавено

на

Пеп Гвардиола не беше премногу разочаран од тоа што неговиот тим загуби од Арсенал во полуфиналето во ФА Купот, потенцирајќи дека и неговите играчи се луѓе и можат да си дозволат партија како онаа синоќа на „Вембли“.

Манчестер Сити имаше максимален посед на топката и буквално го диктираше темпото, но избраниците на Пеп не беа доволно директни и прецизни во нападот, а скапо ги платија двата гола кои им ги даде Пјер Емерик Обамејанг.

– Не одигравме добро како што знаеме, не бевме доволно подготвени за овој натпревар. И ние сме луѓе, противникот играше добро и понекогаш се случува да загубите, – изјави Гвардиола.

Шпанскиот стручњак по поразот во полуфиналето нагласи дека прикажаната игра нема да биде доволно да се елиминира Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но тоа го направи во свој стил и со доза на иронија.

– Знаеме дека на вакви натпревари одлучуваат најмали ситници. Не треба да си гениј за да сфатиш дека против Реал мора да играме многу подобро. Сигурен сум дека ќе го направиме тоа, имаме време да се подобриме и да ги согледаме сите аспекти од играта, – се надополни Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни